Чекори за купување возило на лизинг

Процесот за купување возило на лизинг е едноставен и јасно структуриран. Се одвива низ следните чекори:

Најпрво го одбирате возилото кое сакате да го купите преку лизинг од нашата понуда.

Ги доставувате потребните лични податоци и документација за аплицирање за лизинг.

Лизинг компанијата ве контактира, ја разгледува апликацијата и ве информира за можностите за одобрување, како и за следните чекори.

Се остава капар за да се резервира и зачува возилото додека трае постапката за одобрување на лизингот.

По успешно завршување на целата процедура, се договара датум за подигање и преземање на возилото.

Финансиски калкулатор

Во прилог на овој калкулатор, може да пресметата како ќе се одвива финансирањето и наплаќањето на рата
Месечна наплата 0€
Вкупен интерес 0€
Вкупно плаќање 0€

Зошто да изберете лизинг преку Auto Uno?

Решенија прилагодени на вашите индивидуални финансиски можности.

Јасни и транспарентни услови, со целосен увид во вкупниот износ и каматата.

Нашиот тим ве води низ целиот процес, од аплицирање, преку одобрување, до целосно завршување на постапката.

Предности на купување возило на лизинг

Лизингот најчесто овозможува пониски месечни обврски во споредба со класичен кредит.

Нема потреба од голема сума пари однапред при купување на возило.

Лизинг процесот е побрз и поедноставен, што овозможува лесно купување на половни автомобили на рати.

Лизингот ви дава можност да возите понов и поквалитетен автомобил кој можеби не би бил достапен при целосно плаќање.

Фиксните месечни рати овозможуваат полесно планирање на личниот буџет.

Во соработка со One Leasing и Eurolease North Macedonia ви нудиме лизинг опции на возила постари и од 10 години!

За сите понови возила до 10 години старост, тука се нашите партнери: NLB Lease&Go и Sparkasse Leasing Macedonia!